Голем одлив на лекари во странство: Од 7.400 спаднавме на 5.400

6.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Голем одлив на лекари во странство: Од 7.400 спаднавме на 5.400

Одливот на лекарите во странство е многу голем. Ако пред 10 години во Македонското лекарско друштво имавме 7.400 лекари, денес сме 5.400, рече проф д-р Горан Димитров претседател на најстарата професионална организација на денешната трибина во Европска куќа во Скопје.

Проф. д-р Димитров беше еден од учесниците на панел-дискусијата „Пристап до третман и до услуги за рано детектирање“, во чест на 4 Февруари, Светскиот ден на борба против ракот.

„Често истакнувам, кога зборувам во името на Македонското лекарско друштво, дека целата поставеност на здравствениот систем кој носи бреме и од минатото и малата стагнација во воведувањето на нови форми на превенција на ракот, доведоа до тоа да ние во последните десет години да сме некаде и не многу лоши, меѓутоа сме во средината на географската Европа“, рече проф. д-р Димитров.

На дискусијата говореа и директорот на Институтот за јавно здравје, д-р Шабан Мемети, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски, Емануела Додева од Здружението ЕЗРА и д-р Никола Брзанов, претседател на Клубот на млади лекари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата