Ова е најтивката соба на светот: Никој не издржува подолго од 60 минути

4.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова е најтивката соба на светот: Никој не издржува подолго од 60 минути

Редмонт, Вашингтон. Анехоичната комора изградена за да нема ни одбивање на звучни бранови е најтивкото место на планетата. Ја изградил „Microsoft“ во 2015-та година и се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди.

Многу малку луѓе можеле да издржат во собата подолго време, најмногу еден час. Подолго не издржал никој. По неколку минути во собата изградена од шест слоеви бетон со пружини за придушување на вибрациите почнувате да ги слушатe отчукувањата на своето срце.

Потоа можете да слушнете како ви чкрипат коските и како ви тече крвта низ вените. Без звук од надворешниот свет, целосната тишина се претвора во неподносливо зуење во вашите уши. Потоа доаѓа до губење на рамнотежата.

Најтивката соба на светот била проектирана две години.

Изградена е од шест слоеви бетон и челик. Под бетонот има пружини за придушување на вибрациите. На подот посебно се дизајнирани клипови од стаклопластика за да ги одбијат звучните бранови пред да се одбијат назад во просторијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата