Бугарите сепак со ОФИЦИЈАЛНА ДЕЛЕГАЦИЈА во Свети Спас, ќе јапредводи Министерот за внатрешни работи Демерџиев

3.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бугарите сепак со ОФИЦИЈАЛНА ДЕЛЕГАЦИЈА во Свети Спас, ќе јапредводи Министерот за внатрешни работи Демерџиев

На утрешното чевствување на 151-вата година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, официјално ќе присуствува делегација од бугарскаа влада, предводена од министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Дермеџиев и министерот за здравство, објави „Телма“.

Тие при положувањето цвеќе на гробот на Делчев во црквата Свети Спас ќе бидат придружувани од бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов, дознава телевизијата.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски изјави дека нема најава за официјална бугарска делегација која би дошла во Скопје, додавајќи дека секој оној што е добронамерен, слободно може да го најави своето учество.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата