Почина Гоце Камчев, основачот на „КАМ“ макректи и еден од најуспешните менаџери во Македонија

3.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина Гоце Камчев, основачот на „КАМ“ макректи и еден од најуспешните менаџери во Македонија

Камчев е основач на повеќе компании во областа на трговијата, производство, земјоделство, угостителство и недвижности. Тој е роден на 28 април 1945 година во Скопје и потекнува од релативно сиромашно работничко семејство. Уште од средното училиште се насочува кон економијата, а потоа образованието го продолжува и на Економскиот факултет во Скопје. Подоцна завршува и постдипломски студии од областа на економскиот развој.

Во текот на својата долга кариера работел на високи позиции во Комерцијална банка, дрвна индустрија „Треска“, „Македонија табак“, „Магро“… Меѓу неговите успеси се и рекордните извози на македонско вино на странските пазари. Како претставник на „Магро“ со семејството заминува во Германија, каде што создава важни контакти и го надградува своето искуство.

Во 1990 година ја основа компанијата „Интеркам“, еден од првите дистрибутери во Македонија. Во малопродажниот сектор влегува во 1995 година кога ја основа компанијата „Камфуд“, чиј прв современ супермаркет беше отворен во Градскиот трговски центар во Скопје на површина од 1000 квадратни метри.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата