Кумата на Боки 13 Мери Дика Георгиевска стана претседателка на скопска Апелација

3.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кумата на Боки 13 Мери Дика Георгиевска стана претседателка на скопска Апелација

Судскиот совет на денешната 429-та седница донесе одлука со која за вршител на должност претседател на Апелациониот суд Скопје се определува Мери Дика Георгиевска, судија од Апелационен суд Скопје.

Судскиот совет, на денешната седница, претходно донесе одлука за престанок на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија на Лидија Димчевска, која од март 2018 година беше в.д. претседател на скопска Апелација.

На седницата, било расправано и за избор на генерален секретар на Судскиот совет, но не е донесена одлука за избор и ќе се носи на наредна седница.

Судскиот совет информира дека на денешната седница бил разгледан и Извештајот од работна посета на Основен суд Гостивар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата