Моделот Џереми Рулеман почина на 27-годишна возраст, а точната причина за смртта засега не е позната.
Во неделата, модниот дизајнер Кристијан Сириано сподели серија фотографии од него и Џереми заедно на Инстаграм.
– Никогаш не сум објавил вакво нешто, но навистина е тешко да изгубиш пријател кој беше толку убава душа. Ова е за Џереми, најубавиот човек кој им дал толку многу љубов на сите што ги запознал без разлика на се – напиша Сириано и додаде дека Џереми бил една од неговите музи и секогаш ќе биде.
Во својата последна објава на Инстаграм, Џереми позираше за кампања на брендот Томи Хилфигер.