За виц против Тито ЗАВРШИЛА НА ГОЛИ ОТОК: Бевме опкружени со море, а бевме жедни до лудило

23.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За виц против Тито ЗАВРШИЛА НА ГОЛИ ОТОК: Бевме опкружени со море, а бевме жедни до лудило

Јованка Жени Лебл (1927-2009) е српска новинарка со еврејско потекло. За време на Втората светска војна била уапсена и одведена на принудна работа во Германија. По војната била уапсена како новинарка на „Политика“ поради шегите за Јосип Броз Тито кои едно утро им ги кажала на колегите во редакцијата.

На Голи Оток била пратена две и пол години, а имала само 22. Никој не смеел да пишува за се што поминала, па многу малку се знаело за неа.

Што всушност се случило?

Еднаш колешка ѝ кажала шега за тоа како Југославија победила на меѓународен натпревар за цвеќе затоа што израснала љубичица тешка 100 килограми, алудирајќи на песната „Другар Тито, љубичице бела, тебе боли омладина цела“, која беше една од најпопуларните.

Таа ѝ ја раскажала таа шега на жената во редакцијата и речиси веднаш се појавиле двајца ликови да ја земат. Како главна причина навеле дека зборувала против Тито.

Завршила дури до Голи Оток. Од април 1949 година до октомври 1951 година, таа доживеала ужасни нешта и од неа барале да се премисли и да ја признае вината, но таа се спротивставила. Таа потоа била исклучена од Здружението на новинари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @tanjazeigt

Многу години подоцна, по распадот на Југославија, жената ја напишала книгата „Љубичица бела“, која била објавена во Израел, каде што живеела до нејзината смрт во 2009 година. Таа ги опишала сите ужаси што ги доживеала и видела во логорите.

„Само жедните знаат да ја ценат водата. Бевме опкружени со море, а бевме жедни до лудило. Девојките беа претворени во старици, им паѓаа забите, им се лошеше додека им стигаше веста дека нивните деца, мајки и сопрузит ги оставиле, затоа што станале народни непријатели“, напишала таа

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата