Албанскиот премиер Еди Рама беше домаќин на европските лидери на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана.
Рама им посака добредојде на сите учесници на самитот, а посебно внимание привлече една средба.
На средбата со колегата од Луксембург, Ксавиер Бетел, премиерот на Албанија клекна.
При поздравувањето на Рама и Бетел, албанскиот премиер клекна и се ракува со својот колега, што може да се види и на фотографиите од Самитот во Тирана.
Засега не се знае за што се работи. Дали овој поздрав има одредена симболика или Рама сакаше на овој начин да испрати одредена порака?