Вооружени мажи упаднале во болница во Еквадор, сакале да убијат тинејџер (ВИДЕО)

28.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вооружени мажи упаднале во болница во Еквадор, сакале да убијат тинејџер (ВИДЕО)

Членовите на бандата ги зеле медицинските сестри како заложници и размениле оган со полицијата.

„Сите заложници се ослободени, а никој не е повреден. Напаѓачите се уапсени“, изјавиле локалните власти, а пренесува Би-би-си.

Надлежните веруваат дека мажите сакале да го убијат 17-годишникот, познат по прекарот Валкано лице, бидејќи е член на ривалска банда. Тинејџерот бил во болница на интензивна нега бидејќи неодамна бил застрелан. Вооружените лица држеле како заложници пет медицински сестри повеќе од еден час.

Другиот персонал во болницата во градот Чоне изјавиле дека се заклучиле во собите додека вооружените напаѓачи ја скршиле вратата во потрага по тинејџерот.

„Изгледа дека не знаеја каде е тинејџерот, па талкаа низ болницата. Фала му на Бога и на полицијата што сè уште сме тука да кажеме што се случи“, изјавил Хомеро Андраде, портпарол на вработените во болницата.

И еквадорскиот претседател Гиљермо Ласо ѝ се заблагодарил на полицијата и споделил видео на Твитер на кое што се гледа како вооружени полицајци влегуваат во болницата.

Во последниве години, има нагло зголемување на насилството од бандите во Еквадор, а имало и голем број смртоносни затворски немири. Аналитичарите веруваат дека ова е делумно последица на проширувањето на мексиканските картели во Еквадор, каде што регрутираат локални банди за шверц на кокаин.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата