Пензионери паѓале во несвест заради ЛЕПА БРЕНА, а еден направил хаос

27.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пензионери паѓале во несвест заради ЛЕПА БРЕНА, а еден направил хаос

Лепа Брена одржала два концерти во местото Неделишќе во Хрватска. Таа пеела во рамките на манифестацијата „Месап есен 2022“, а голем број нејзини фанови дошлеа да ја слушнат и видат.

Како што пишува хрватскиот портал 24сата, салата била полна, но поради проблеми со звукот посетителите не можеле добро да ја слушнат. Таа се обидела да го реши проблемот, но не успеала.

На концертот на Брена дошле од сите генерации, се забележувале и деца, и тинејџери, и нивните родители, а и баби и дедовци. Според пишувањата на медиумите, на концертите на Брена присуствувале голем број пензионери, а на еден од нив реагирала итната помош.

Имено, шестмина пензионери поради недостатокот на воздух и гужвата паднале во бессознание, додека еден пензионер бил во полна сила, па ја прескокнал оградата и се качил на бината. Обезбедувањето реагирало веднаш, но пејачката побарала да не го допира, па тој останал на сцената и одблиску ја погледнал Брена додека ги изведувала нејзините најголеми хитови.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата