Германија за 194 дена изгради терминал за течен гас: Ова е голем и значаен чекор

15.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германија за 194 дена изгради терминал за течен гас: Ова е голем и значаен чекор

„Ова е голем и важен чекор кон поголема независност кога станува збор за снабдувањето со гас“, рече Олаф Лиес, министер за економија на сојузната покраина Долна Саксонија, каде што се наоѓа терминалот.

Тој посочил на големиот успех на проектот кој е започнат пред само 194 дена. Терминалот овозможува претворање на течен природен гас во гасовита состојба и со тоа понатамошен транспорт преку гасоводи. Досега течниот гас влегуваше во германскиот систем преку терминалите за LNG во Франција и Холандија.

Лиес објасни дека одлуката за изградба на терминалот во Вилхелмсхафен, на крајниот северо-запад на Германија, е „стратешки исправна“.

„Постоечката пристанишна инфраструктура и одличните услови придонесоа изградбата на терминалот да стане успешна приказна“, рече социјалдемократскиот политичар.

Социјалдемократско-зелено-либералната федерална влада на канцеларот Олаф Шолц, по рускиот напад врз Украина и проблемите со протокот на гас од Русија, иницираше процес на намалување на зависноста од рускиот гас што доаѓа преку неколку гасоводи.

„Една стратегија е да се свртиме кон течен гас. Веќе се постигнати договори за зголемен увоз со земји како Катар и Канада, а покрај терминалот во Вилхелмсхафен, во изградба се уште два терминали на северот на Германија.“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата