Волц го предупреди Хамас дека условите за договорот за заложници ќе се влошат

12.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Волц го предупреди Хамас дека условите за договорот за заложници ќе се влошат

Идниот советник за национална безбедност на САД Мајк Волц го предупреди Хамас дека условите за договорот за заложници ќе се влошат ако почека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да стапи на функцијата.

- Да дозволиме нашите заложници да бидат ослободени. Сакам да ги видам како одат преку асфалтот, или барем, некаков вид договор пред инаугурацијата, бидејќи претседателот Трамп е сериозен, изјави Валц за емисијата „Оваа недела“ на Еј-Би-Си.

- Секој договор само ќе се влоши за Хамас, а на Блискиот исток ќе има пекол, ако продолжиме да имаме ваков вид заложничка дипломатија, додаде Волц./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата