Градот Скопје не можел да ја прекине постапката за депонијата „Дрисла“ и покрај нејзината контраверзност. Не постоела правна можност за тоа. Ако направел таков чекор, ќе отворел простор за поднесување тужби што ќе значело и евентуален негов банкрот. Поради тоа, како што објасни денеска градоначалникот Петре Шилегов, завчера на седница со одлука на Советот е избран конзорциумот во кој се наоѓа и германската фимра „Шолц“.

– Советот на Град Скопје завчера одржа седница. Согласно одлуките на Судот, ја продолживме постапката почната во 2011 година. За жал, не постоше правна можност да ја прекинеме иако сериозно контраверзна, а сериозни контраверзии предизвикуваше и избраниот концесионер. Прекинувањето на постапката во оваа фаза ќе го направи Градот правно порозен, да бидат поднесени тужби од двајцата учесници и тоа можеше да го банкротира. Затоа, со одлука на Советот е избран конзорциумот во кој се наоѓа и германската фимра „Шолц“, истакна Шилегов, одговорајќи на новинарски прашања пред конференцијата „Партнерство за забрзана децентрализација, инклузивен и оддржлив развој”.

Според Шилегов, непостоењето правна ситуација за прекинување на постапката се должи на несериозното работење на претходната админситрација .

-Правиме сериозен обид да ја исправиме таа работа зашто Скопје и неговите граѓани заслужуваат модерна европска депонија, подвлече градоначалникот. 

0

Најчитани вести