Светска банка: Македонија со највисока инфлација и најнизок раст во регионот

24.10.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Светска банка: Македонија со највисока инфлација и најнизок раст во регионот

Македонија има највисока стапка на инфлација во изминатите 25 години , енормно висок јавен долг и најбавна стапка на раст на БДП од земјите во регионот во 2022, покажува најновиот извештај на Светска банка. Трендот на забавен економски раст ќе продолжи и во 2023 година, а во исто време инфлацијата ќе расте. Од Светска банка посочуваат дека Македонија е можно да влезе во краткорочна техничка рецесија, односно негативен економски раст кој би траел еден квартал. За годинава Светска банка предвидува дека растот на БДП во Македонија ќе изнесува 2,1 отсто, наредната година ќе биде 2,7, а во 2024 ќе достигне 2,9 отсто.

Во третиот квартал Германија веројатно ќе покаже техничка рецесија, како што знаеме Македонија е многу изложена на германскиот пазар и заради тоа постои очекување дека ова забавување ќе влијае врз бројките на растот на индуструското производство во Македонија. Ова не мора да значи дека оваа година земјата ќе биде во рецесија бидејќи не очекуваме раст, вели Сања Маџаревиќ – Шустер, виш економист за земјите од Западен Балкан.

Светска банка предупредува дека земјите од регионот не треба да се потпираат на извозот од ЕУ и треба да го поттикнат земјоелскиот сектор. Треба да се насочат кон зелени проекти и вложување во напредни технолошки процеси кои сега се на многу ниско ниво, а Македонија инвестира најмалку од сите земји во регионот.

Државава се соочува со ризик од стагфлација, односно раст на цените при намалено производство , и за заштита треба да почне да спроведува реформи. Од светска банка посочуваат дека на краткорочен рок мерките треба да се насочени кон најранливите граѓани и фирмите, но за стабилизација на долг рок потребно е да се работи на реформи и кои нема толку да ја чинат државата, како моменталната работа на Парламентот, модернизација на трезорот, а и реформи во обрзованието.

Функционирањето на парламентот може да е пречка за побрзо донесување на овие реформи, видовме Закон за Буџет којшто требаше две години да помине низ собранискиот филтер. Треба да се воспостави соодветен независен мониторинг на фискалната политика и севкупно ќе биде важно заради тоа што ќе имате модернизиран трезор и даночна администрација којшто ќе дојдат во овој процес. Секако дека тоа бара време но важно е да се започне со процесот. И повеќето од овие реформи немаат фискални трошоци но ќе имаат многу силни придобивки за општеството вклучувајќи ја и фискалната политика во иднина, Сања Маџаревиќ – Шустер, виш економист за земјите од Западен Балкан.

Во однос на владините мерки, од Светска банка посочуваат дека треба да бидат насочени и временски ограничени. Замрзнувањето на маржите е добра мерка, но изостануваат субвенци за фирмите.

Според извештајот само 46 отсто од населението е активно на пазарот на труд, а инфлацијата го надмина растит на платите и реално имаме намалување на минималецот. Стапката на невработеност е намалена на 14,5 проценти но се уште е висока стаплата на невработени млади лица, дури 30,9 отсто од младите се невработени

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата