Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во неделата дека верува дека има шанса за мир во Украина.
„Постојат изгледи за мир, тој ќе дојде во одреден момент“, рече Макрон на конференцијата во Рим чија цел е да се најдат начини за промовирање на мирот во светот, пренесе Ројтерс.
„И во одреден момент, со оглед на тоа како се развиваат работите и кога украинскиот народ и нивните лидери ќе одлучат за условите, може да се постигне мировен договор со другата страна“, посочи Макрон.
Франција во повеќе наврати, откако руските сили ја нападнаа Украина на 24 февруари, ја истакна важноста за одржување на западните дипломатски канали отворени за Москва, наведува Ројтерс.