Нападот се случил нешто по полноќ кога полицајката ја завршувала смената и се упатила кон својот автомобил.
23-годишниот мигрант ја изненадил полицајката одзади и тешко ја повредил. По нападот, службеничката побарала помош од минувачите и подоцна била пренесена во болницата Кардарели, а полицијата веднаш почнала да трага по осомничениот, пишува Наполитодеј.
Граѓанинот на Бангладеш е обвинет за обид за убиство и сексуален напад.