Богдановиќ ВОВЕДУВА РЕД: За време на викенди, Дебар Маало ќе биде пешачка зона (ВИДЕО)

12.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Богдановиќ ВОВЕДУВА РЕД: За време на викенди, Дебар Маало ќе биде пешачка зона (ВИДЕО)

Гостин во Централниот Дневник на 1ТВ беше Саша Богдановиќ, актуелен градоначалник на општина Центар кој зборуваше за рушењето на дивите тераси во Дебар Маало.

Ние веќе подолго време апелираме и имавме извршување на решенија, но очигледно не им доаѓа памет. Пробувавме културно со разговор да дискутираме за тоа до каде може да се користи јавниот простор. Има некоја стара навика која се случувала во минатото и тоа значи дека никој претходно не реагирал. Многу мал дел имаат постапено самите, другите се дадени на извршување“, реше Богдановиќ, кој истакна дека не постапуваат селективно, бидејќи постојат решенија за отстранување.

Дебар Маало стана центар на ноќниот живот, па поради тоа ќе се поставува сообраќаен режим за време на викендите.

Работиме на нови сообраќајни режими, а тоа е за време на викенд да биде ослободено Дебар Маало од движење на возила и да е претворена во пешачка зона. Кога ќе биде готов проектот ќе биде презентиран пред јавноста. Едно кафуле започнува со простор кој ќе го изнајми, па ке пушти две маси, па ќе направи стакленик, ќе го прошири, па со многу музика предизвикуваат немир. Ние сме во разговори за измени во правилниците за тоа што може да постои од кафулиња во населени места. Се надеваме дека до крајот на летото ќе бидат готови набавките“, рече градоначалникот на општина Центар, кој зборуваше и за рушењето на терасата на белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, но и на сите објекти за кои постојат решенија за постапување.

Разговорот почнува во 22 минута од видеото

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата