Општина Центар ВО ПОЛНА ПАРЕА ПОЧНА ДА ГИ РУШИ ТЕРАСИТЕ во Дебар Маало

11.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Општина Центар ВО ПОЛНА ПАРЕА ПОЧНА ДА ГИ РУШИ ТЕРАСИТЕ во Дебар Маало

Општина Центар почна со уривање на терасите во Дебар Маало. Утрово работници со асистенција на полицијата и градежен инспекторат почнаа со отстанување на, како што велат од општина Центар, нелегалната тераса на новото кафуле на Боемска улица.

Од општина Центар, за Пресинг ТВ велат дека е испочитувана целата законска процедура и дека сите сопственици на објекти се уредно информирани и претходно предупредени.

Не е правена никаква селекција. Акцијата ќе трае неколку денови и ќе се интервенира на сите локации. Законот е јасен, ако тргнале со толкави инвестиции , тогаш сигурно треба да ги познаваат обврските согласно законот. Градоначалникот на општина Центар имаше неколку средби со сопствениците на кафулиња и на ресторани и им беше презентирано што е законско, а што не е според законот. Сите имаат добиено решение , сами да си ја отстранат дивоградбата, но не го направиле тоа, велат за Пресинг ТВ од Одделението за односи со јавност на општина Центар.
Го контактиравме и сопственикот на објектот што денеска се рушеше, но не добивме можност да го слушнеме и неговиот став со образложение дека е емотивно потресен.

Во меѓувреме останува да видиме дали и општина Сарај ќе постапи како општина Центар со дивоградбата на Матка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата