Град Скопје избра нов концесионер за депонијата „Дрисла“

11.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Град Скопје избра нов концесионер за депонијата „Дрисла“

Советот на Град Скопје на денешната седница седница донесе одлука со која за нов концесионер на депонијата „Дрисла“ е избран Конзорциумот предводен од „SCHOLZ AG“ од  Германија, составен од SCHOLZ AG – Германија, C.I.O.S.d.o.o – Хрватска и СПЛЕНДОР МАК ДООЕЛ од Република Северна Македонија.

Оваа одлука следува по судска пресуда на Вишиот управен суд.

„Со ваквата одлука се овозможува да се стави крај на агонијата на граѓаните на Скопје со депонијата ‘Дрисла’ и се создава можност за започнување процес на инвестиции и модернизација на депонијата која во иднина ќе прерасне во модерна депонија во која ќе се одложува и третира отпадот по највисоки светски стандарди“, велат од Градот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата