Блинкен: Не смееме да дозволиме Путин да помине неказнето

22.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Блинкен: Не смееме да дозволиме Путин да помине неказнето

„Не можеме да дозволиме претседателот Путин да остане неказнет“, рече Блинкен на седницата на Советот за безбедност посветена на Украина, на која учествуваше Русија.

„Меѓународниот поредок што нѐ собра овде денес и кој се обидуваме да го зачуваме се распаѓа пред наши очи“, предупреди Блинкен во друштво на неговите колеги во Советот, осудувајќи ја неодамнешната ескалација, особено одржувањето референдум за анексија на територии под руска контрола.

„Фактот што претседателот Путин одлучи токму оваа недела, додека повеќето светски лидери се собраа во ОН, да долее масло на огнот што самиот го запали, го покажува неговиот целосен презир кон Повелбата на Обединетите нации“, рече шефот на американската дипломатија.

Седницата се одржува во присуство на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, но тој за време на говорите на министрите не седна на масата на Советот, туку беше застапуван од неговиот заменик.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата