Уставниот суд не донесе одлука за предметот кој опфаќа работа во недела, поради недоволно мнозинство гласови, изјави портпаролката на Судот Христина Беловска по седницата на која се расправаше по иницијативата поднесена од Стопанската комора на Македонија во која е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи кој во својата содржина опфаќа „работа во недела”.
Беловска нагласи дека ова е уште еден од 40-те предмети кои не поминаа на седница поради тоа што нема доволно мнозинство.
– И уште еднаш, за жал, преку ваков значаен предмет за граѓаните се истакна потребата за пополнување на судиските места, потенцира Беловска.
На денешната 28-ма седница на Уставниот суд на дневен ред беа три предмети меѓу кој и тој кој опфаќа работа во недела.
– Рефератот на овој предмет гласеше да не се поведе постапка што значи Законот да остане во правниот поредок односно недела да остане неработен ден освен за дејностите за кои е исклучок и кои се предвидени токму во овој Закон. Овој предмет не го доби доволното мнозинство, а еден од судиите се изјасни дека нема да го поддржи рефератот, заклучи Беловска.
За да се донесе одлука на Уставниот суд му се потребни најмалку пет гласа, а во моментов има вкупно претмина судии од кои еден имаше спротивставено мислење, па порди тоа предметот не помина на седницата.
По иницијативата за овој предмет судиите ќе се навратат тогаш кога Собранието на Република Македонија ќе го комплетира Уставниот суд со доволен број на судии.
Во иницијативата се наведува дека ден на неделен одмор може да биде кој било друг ден во неделата, дека е утврден и додаток на плата за работа во недела во износ од најмалку 50 проценти за секој час поминат на работа и од тие причини е дозволена нееднаквост на граѓаните пред законите, велат од Уставен суд.
Содржани се и наводи дека со ова законско решение работодавачите од економските дејности на кои им се забранува работа во недела и имаат еднаква правна положба од аспект да ги намируваат данокот и другите јавни давачки кон државата кои се утврдени со закон се ставени во нееднаква правна положба со работодавците од економските дејности на кои им е дозволено да работат во недела, од аспект да остваруваат приходи и добивка