Николоски: 31 година независна Македонија е вековен сон на македонскиот народ

8.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николоски: 31 година независна Македонија е вековен сон на македонскиот народ

По повод одбележување на 8 Септември – Денот на независноста на државата, делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателот Александар Николоски, утрово положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и на првиот премиер Никола Кљусев.

– 31 година независна Македонија е вековен сон на македонскиот народ. Под голем удар во овие години, но ќе ја сочуваме и изградиме во модерна, економски напредна држава. Почит за првиот премиер Никола Кљусев, првиот претседател Киро Глигоров и претседателот Борис Трајковски, пишува Николоски на Фејсбук.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата