Прв случај на мајмунски сипаници во Египет, се намалува бројот на заразени во САД и Европа

8.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прв случај на мајмунски сипаници во Египет, се намалува бројот на заразени во САД и Европа

Во соопштението не се дадени детални информации за тоа каде е откриен случајот или во која болница е примен пациентот.

Тој е 42-годишен Египќанец кој живеел во европска земја. Пациентот е стабилен и во карантин во болницата.

Преземени се сите неопходни здравствени и превентивни мерки со контактите на болниот согласно процедурите за лекување и мониторинг одобрен од Светската здравствена организација, соопшти Министерството.

Во текот на изминатите месеци, египетското Министерство за здравство најави зголемување на нивото на надзор на сите копнени и поморски пристаништа, со објавување на водич за лекарите ширум земјата за да покаже како да се дијагностицираат и третираат сите потврдени случаи.

Во светот, повеќе од 52.000 случаи на мајмунска сипаница се пријавени во повеќе од 90 земји. Сепак, преносот на мајмунски сипаници забавува во жариштата на вирусот во Европа и САД, објави Меѓународната здравствена организација (СЗО).

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата