Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на раскрсницата кај министерството за економија.
Во директен судар се здробија СЕАТ Ибица и Лада. Сеатот се извртел од ударот и завршил на тротоарот. Уништена му е предницата и странично од ударот.
На Ладата освен набивање на предниот лев дел над тркалото и хаубата, нема поголеми оштетувања.
Тие се настанати кај Сеатот, кој е здробен.
Полицијата врши увид на местото на несреќата.
Информации за пповредени засега нема.
Повеќе наскоро.