Болно детенце побара прегратка од Роналдо: Фудбалерот повторно покажа колку голем човек е тој (ВИДЕО)

9.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Болно детенце побара прегратка од Роналдо: Фудбалерот повторно покажа колку голем човек е тој (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо го разубави денот на едно болно детенце. Тој нареди автобусот на Португалија да застане за тој да се слика со младиот фан и да му даде потпишан дрес.

Роналдо сега е во фокусот поради работи кои не се поврзани со фудбалот.

Тој уште еднаш покажа дека е голем човек и нареди автобусот на Португалија да застане за тој да му ја исполни желбата на еден млад фан.

Пред „Естадио до Беса“ стоеше детенце кое во рацете држеше транспарент на кој пишуваше „Кристијано прегрни ме“.

Автобусот со кој патуваа репрезентативците на Португалија застана, детето се качи, се сликаше со својот херој и доби потпишан дрес од Кристијано Роналдо.

Медиумите од Португалија пишуваат дека Кристијано Роналдо му го разубавил денот на малиот Едуардо Мореира, кој со години се бори со ретка болест.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата