Лацио на Гатузо е незапирлив, победа и против Парма

24.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лацио на Гатузо е незапирлив, победа и против Парма
ФОТО:.facebook.com/SS-Lazio

Лацио – Парма 2:1 вечерва на “Олимпико“ во меч од 8.коло во Серија А. Ова е седмата победа на тимот од Рим предводен од Џенаро Гатузо, кој има и едно реми па така со овие три бода е лидер на табелата со 22 бодоа, но и меч повеќе од Интер.

Лацио апсолутно заслужено славеше ако се знае дека во текот на целиот меч покажа дека е далеку поквалитетен тим. Сепак првиот гол падна во 51.минута кога Тејлор ја затресе мрежата на гостите. Седум минути подоцна автогол си постигна Диего Карлос за 2:0 за Лацио.

И кога си мислеше дека тоа е тоа од овој натпревар, Парма со гол во судиското продолжение успеа да го ублажи поразот за конечни 2:1 и тоа преку Лонтани во 90+5.минута.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата