Мали: Србија има НАЈНИСКА ЦЕНА НА СТРУЈА во регионот

26.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мали: Србија има НАЈНИСКА ЦЕНА НА СТРУЈА во регионот

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали денеска изјави дека цената на струјата во Словенија и Хрватска е 708 евра, а во Европа ја надминува границата од 680 евра.

Од друга страна, како што наведува Мали, цената во Србија е многукратно пониска.

„Кај нас струјата е 41 или 42 евра за граѓаните, а 90 или 95 евра ако не се лажам ќе биде струјата кога е во прашање економијата која е и до девет пати пониска од Европа. Србија добро се држи во кризата. Во моментов имаме пониска стапка на невработеност отколку што беше во 2019 година пред кризата“, рече Мали во Нови Сад за време на обиколката на компанијата Енерџи нет по повод почетокот на третиот циклус на програмата „Мојата прва плата“.

Тој наведува дека Србија до 20 август годинава имала 2,4 милиони евра директни странски инвестиции и оти приливот не запира. Растот на БДП во првите два квартали е четири отсто.

„Мораме да се договориме со синдикатите за минималната цена на работата. Сигурно ќе одиме минималната плата да биде 40 илјади динари. Тоа ќе биде повеќе од самата инфлација“, рече Мали.

Министерот потсетува дека пензиите се зголемуваат за најмалку девет проценти во ноември, а потоа за вкупно дваесет проценти на 1 јануари.

Платите во јавниот сектор ќе бидат повисоки за 12 и пол проценти.

Тој вети дека Владата на Србија ќе се потруди претстојната зима да помине што побезболно и без последици за граѓаните.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата