Шведска ќе екстрадира Турчин за да се исполни договорот со Ердоган за влез во НАТО

11.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шведска ќе екстрадира Турчин за да се исполни договорот со Ердоган за влез во НАТО

Овој потег – објавен денеска – е прв случај откако Турција побара да бидат екстрадирани голем број луѓе во замена за да му дозволи на Стокхолм формално да аплицира за членство во НАТО.

Сојузникот на НАТО, Турција го укина своето вето за обидот на Финска и Шведска да се приклучат на западната алијанса во јуни, по неколкунеделни напнати преговори во кои Анкара ги обвини двете нордиски земји дека засолнуваат, како што вели Турција, борци на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК).

Како дел од договорот, Турција поднесе список на луѓе кои сака Шведска да ги екстрадира, но оттогаш изразија незадоволство поради недостатокот на напредок.

„Ова е нормална рутинска работа. Лицето за кое станува збор е турски државјанин и осуден за прекршоци за измама во Турција во 2013 и 2016 година“, изјави министерот за правда Морган Јохансон.

„Врховниот суд го разгледа прашањето и заклучи дека нема пречки за екстрадиција“, рече тој.

Портпаролот на Министерството за правда одбил да каже дали човекот бил на списокот на луѓе кои Турција ги бара да ги екстрадира или да даде дополнителни коментари за ова прашање.

Шведскиот радиодифузер SVT, кој прв објави за екстрадицијата, соопшти дека мажот бил осуден во Турција на 14 години затвор поради неколку обвиненија за измама со банкарски картички.

Човекот, кој е приведен во Шведска од минатата година, вели дека е неправедно осуден бидејќи е преобратен во христијанство, одбил да служи воена служба и има курдски корени, објави СВТ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата