Британската полиција уапси петмина мажи под сомнение за тероризам во американска база

28.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британската полиција уапси петмина мажи под сомнение за тероризам во американска база

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека осомничените планирале да нанесат „голема штета“ и дека биле под истрага на британските и американските власти.

Британскиот министер за одбрана Вес Стритинг изјави дека бил во контакт со својот американски колега Пит Хегсет..Во меѓувреме, министерството за одбрана на САД го зголеми нивото на закана во базата  во Сафолк - каде што се наоѓа 48-то борбено крило на американските воздухопловни сили - на втора највисока категорија.

Полицијата, сè уште јавно не соопшти кој, според нивните проценки, бил вмешан во случајот. Како најверојатен се смета мотивот поврзан со Иран, изјави извор запознаен со истрагата, додека се разгледуваат и можностите за руска саботажа или заговор од страна на исламисти, јавува „Ројтерс“.

Полицијата соопшти дека околу базата е поставен безбедносен кордон во радиус од 400 метри, додека тимот за отстранување експлозивни направи ги прегледува комбињата.

Жителите на 85 куќи во блиското село се евакуирани, а вооружени полицајци патролираа на локацијата.Британската влада, им даде дозвола на САД да ги користат бомбардерите стационирани во Ферфорд за напади врз иранските ракетни позиции што гаѓаа бродови во Ормускиот теснец

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата