Горивата поевтинуваат од полноќ, но се уште се над 100 денари за литар

7.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Горивата поевтинуваат од полноќ, но се уште се над 100 денари за литар

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,39% во однос на одлуката од 6.07.2022 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,085 ден/кг и сега ќе изнесува 51,564 ден/кг.

Од 8.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 105,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 108,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 101,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,564 (денари/килограм)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата