Ингер Нилсон, актерка од Шведска, прва го оживеа познатото девојче Пипи Долгиот Чорап.
Во далечната 1970 година беа снимени серијал и филм според истоимената книга на шведската детска писателка Астрид Линдгрен. Иако помина многу време откако ја гледавме на малите екрани во приказната во која се мешаат реалноста и фантазијата, веруваме дека препознатливата насмевка на актерката веднаш ве асоцираше на пегавото девојче, најславниот измислен лик.
Кетрин Ингер, Моника Нилсон, има 63 години и денес живее во Стокхолм и работи како секретарка, а повремено се појавува и во некоја театарска претстава. Во 1975 година, таа ја освои наградата ТП де Оро за „Најпопуларен лик“ за нејзината улога на Пипи Долгиот Чорап, со која многумина пораснаа.
Нилсон подоцна се појави во неколку филмови и серии. Таа во 2000 година го сними „Gripsholm“ во режија на Хавиер Колер, а седум години подоцна глумеше во германската ТВ серија „Der Kommissar und das Meer“.