“БЕВ ИЗНЕНАДЕНА И ЗБУНЕТА: Знаете ли со кои зборови Јосип Броз Тито ја запросил Јованка

12.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“БЕВ ИЗНЕНАДЕНА И ЗБУНЕТА: Знаете ли со кои зборови Јосип Броз Тито ја запросил Јованка

Првата дама на Југославија раскажала во една прилика како маршалот ја прашал да биде негова сопруга.

Кога Јованка Будисављевиќ стигнала на местото секретарка во канцеларијата на Јосип Броз и ја заменила Даворјанка Пауновиќ Зденка, не очекувала дека ќе ја замени во неговото срце.

Нивниот професионален однос брзо прераснал во љубов, а парот се заколнал во тајност на вечна љубов пет години подоца, во април 1952 година кога таа имала само 28, а Тито 60 години.

Др Александар Матуновиќ, некогашен личен лекар на покојниот претседател на Југославија, во својата книга “Јованка Броз, Титова совладарка“ ја запишал нејзината исповест за тоа како се чуствувала откако Броз ја запросил.

– Отповеќе е да се зборува колку бев изненадена и збунета. Јас бев девојка од средина со патријахални погледи. Мене разликата во години, помислата на таква врска ми беше исклучена. Освен тоа, бев – нема да биде нескромно тоа да го кажам – допадливиот изглед имав и повеќе додворувачи – рекла Јованка

Како што раскажала, Тито ја запросил истакнувајќи дека не водел лесен живот и верувал дека покрај неа конечно ќе пронајде мир.

– Животот ми беше тежок, исполнет со стрес, лични загуби, секакви неволји и чувствувам дека со тебе конечно ќе обезбедам мир и среќа – се зборовите со кои побара од Јованка да му стане сопруга.

Иако тогаш заедно биле пет години, таа била изненадена. Повеќе од 3 децении разлика во годините отпрво и сметале, но подоцна се помирила, признала таа.

– Голема беше разликата во годините, но јас не ја почуствува. Тито беше полн со енергија, витален – искрена била Јованка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата