Пејачот Ламбе Алабаковски кој се сомничи дека ја потпалил вратта на бугарскиот центар во Битола „Ванчо Михајлов“ денеска беше приведен, а според медиумите делото го сторил поради патриотизам.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска потврди дека е приведено лицето Л. А (34), а кој го признал делото, а по претресот во неговиот дом, полицијата ја пронашла и одзела облеката и предмети со кои го предизвикал пожарот.
Тој е приведен, против него ќе биде поднесена кривична пријава, а полицијата бара притвор.
Според Фокус Алабаковски се повикал дека чинот го сторил поради „патриотизам“.
Алабаковски пред извесно време со своето семејство се врати од САД, каде живееше долги години.