ЛИМОН ДИЕТАТА е апсолутен хит: Топи целулит и симнува и до 5 кг за 14 дена!

6.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛИМОН ДИЕТАТА е апсолутен хит: Топи целулит и симнува и до 5 кг за 14 дена!

Оваа диета е многу популарна затоа што, покрај тоа што дава резултати, не бара комплицирана подготовка на оброк

Лимонот е моќен антиоксиданс кој ја поттикнува работата на дебелото црево, има антиканцерогени својства, ги намалува воспалителните состојби. Лимонската киселина, со која е богат лимонот, помага во спречување на камења во бубрезите. Богат е со витамини Ц, Б, содржи селен, тиамин, рибофлавин, калциум, железо и магнезиум.

Лимонската киселина исто така има способност да согорува масти и да го забрза метаболизмот. Влакната сочинуваат околу 4,5 проценти од тежината на секој лимон и го спречуваат гладот. Излегува дека, за време на оваа диета, нема да имате постојана желба за храна, а со тоа и за внесување повеќе калории.

Диетата со лимон има едноставен принцип: не мора да ја подготвувате на посебен начин, само треба да исцедите сок од лимон. Диетата трае 14 дена, а и да прескокнете еден ден, нема да го расипете резултатот.

Секој ден треба да пиете одредена количина лимонада. Се разбира, со балансирани оброци и тренинг.

Ова е планот:

Ден 1: Измешајте сок од еден лимон со чаша вода и испијте веднаш по будењето.
Ден 2: Измешајте сок од два лимона со две чаши вода. Додадете малку мед и испијте веднаш наутро.
Ден 3: Измешајте сок од три лимона со три чаши вода и додадете мед. Пијте половина наутро и половина пред ручек.
Ден 4: Измешајте сок од четири лимона со четири чаши вода и малку мед. Пијте малку наутро, пред ручек и пред спиење.
Ден 5: Измешајте сок од пет лимона со пет чаши вода и мед. Пијте исто како и претходниот ден.
Ден 6: Измешајте сок од шест лимона со шест чаши вода и пијте малку пред секој оброк.
Ден 7: Измешајте сок од три лимона со десет чаши вода. Пијте три пати пред јадење.
Ден 8: Измешајте сок од шест лимона со шест чаши вода. Пијте три пати пред јадење.
Ден 9: Измешајте сок од пет лимона со пет чаши вода. Пијте три пати пред јадење.
Ден 10: Измешајте сок од четири лимона со четири чаши вода и малку мед. Пијте три пати пред јадење.
Ден 11: Измешајте сок од три лимона со три чаши вода и малку мед. Пијте на двапати.
Ден 12: Измешајте сок од два лимона со две чаши вода. Пијте наутро пред појадок.
Ден 13: Пијте сок од еден лимон измешан со чаша вода.
Ден 14: Измешајте сок од три лимона со десет чаши вода. Додадете една лажичка мед и пијте неколку пати.

НАПОМЕНА: Оваа диета не се препорачува за луѓе со гастроинтестинални проблеми, затоа најдобро е прво да се консултирате со вашиот избран лекар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата