Медијацијата „лек” за надминување на работни спорови

3.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Медијацијата „лек” за надминување на работни спорови

Медијацијата во  Македонија, повеќе се користи за надминување на работните спорови, посочи директорката на Институтот за европска политика, (ЕПИ) Симонида Кацарска, на денешната конференција на тема „Унапредување на квалитетот на медијацијата” и наведе дека постојат области како што на пример се потрошувачките спорови кои што Европска Комисија ги следи во своите извештаи на кои што би требало многу повеќе да се работи во контекст на користењето на медијацијата.

– Во текот на оваа недела Институтот организира обука за обучувачи на медијаторите во нашата земја која што е втора од овој вид и која што очекуваме значително ќе ги унапредиме капацитетите домашната група на медијатори и како ќе ја подигнеме свеста кај останатите клучни чинители како што се судиите и јавните обвините. Медијацијата во нашата државата постои повеќе од деценија, меѓутоа имаме многу предизвици кои што треба да се надминат вклучително и дел од правната култура во однос на решавањето на споровите, изјави Кацарска..

Холандската експертка од областа на медијација, Хеа Ван Кломпенбург на дебатата укажа дека во Холандија медијацијата се користи многу во судски предмети, односно доброволно се пристапува кон медијацијата. Се надева дека и во Северна Македонија, медијацијата ќе почне повеќе да се применува.

– Утринава имавме сесија во која што споделивме доста информација, меѓутоа имаше и практичен аспект во однос на структурата на медијацијата и онаа што го постигнавме е добрата комуникација меѓу медијаторите, судиите, адвокатите, обвинителите. Многу е важно сите тие да согледаат колку е важна медијацијата, да станат поотворени за медијацијата и исто така да сфатат дека медијацијата е професија, изјави Кломпенбург.

Овој настан како што појаснија од ЕПИ се организира со цел да се промовираат и појаснат техниките на медијација кои се потребни за постигнување квалитет и професионализам во работата на медијаторите по искуство и експертиза од Кралството Холандија, а со цел доследна примена на новиот Закон за медијација.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата