„Антикорупциска мора да отвори ПРЕДМЕТ за тоа КАКО КАЕВСКИ ГО НАМНОЖИЛ ИМОТОТ“ (ВИДЕО)

29.03.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Антикорупциска мора да отвори ПРЕДМЕТ за тоа КАКО КАЕВСКИ ГО НАМНОЖИЛ ИМОТОТ“ (ВИДЕО)

Дарко Каевски, пратеникот и портпарол на СДСМ се уште не одговара дали има документи за градба на луксузната хациенда со базен во скопско Волково. Уште повеќе, нема доблест да одговори како во иста година со директорска плата се купува стан од 65 м2 во Скопје и се гради луксузна вила со базен? И сето тоа во кризната, пандемиската, карантинската 2020-та година? – прашува Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес конференција.

Тој истакна дека  Дарко Каевски е пратеник и портпарол на СДСМ, па молкот за скандалот не е доблест ниту за пратеничката група ниту за партијата СДСМ која што ја претставува.

– Прашањето како Дарко Каевски го намножил имотот и дали има документи за градба е прашање за кое што не смеат да молчат ниту Љупчо Николовски, како екс министер за борба со корупција, ниту пак актуелната министерка Славица Грковска за истото, сега со име „за политики за добро владеење“, рече тој.

Според него имотот стекнат во 2020-та година на Дарко Каевски мора да е предмет и во Државната комисија за спречување на корупцијата, но и да е предмет на Јавното обвинителство, бидејќи е прашање од јавен интерес – директор на Агенција за млади и спорт, избран и именуван функционер, со административна плата несразмерно намножува имот, гради луксузна хациенда во медитерански стил, за што има сомнеж дека поседува или не поседува градежна дозвола.

– Корупцијата не е перцепција. Корупцијата е болест на општеството. Без одговор и со бегање од темата поврзана со Дарко Каевски се само уште еден показател за тонење во корупција и неказнивост пред органите за функционери од СДСМ и за функционери од власта. Секој ден минат со СДСМ на власт е поскап за народот од предвремени парламентарни избори, вели Стоилковски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата