Ова е НАЈДОЛГИОТ АВТОМОБИЛ НА СВЕТОТ, има и базен и хелиодром (ВИДЕО)

16.03.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова е НАЈДОЛГИОТ АВТОМОБИЛ НА СВЕТОТ, има и базен и хелиодром (ВИДЕО)

Најдолгиот автомобил на светот го собори сопствениот рекорд поставен во 1986 година, откако беше реставриран од групата предводена од Мајкл Дезер.

Автомобилот е долг 30,54 метри, има 26 тркала и доволно простор за 75 патници.

Тимотго реставрира автомобилот во својот тематски парк наречен Deserland Park во период од две години откако го купи преку eBay од Мајкл Менинг, сопственик на Autoseum, музеј во округот Насау, и на тој начин го спаси.

Автомобилот наречен „Американски сон“ е произведен во Бурбенк, Калифорнија, потоа водач на проектот бил Џеј Орберг, а вкупната должина на возилото била 18,28 метри. Како таков, автомобилот го држеше рекордот за најдолг во светот.

Сепак, тимот дополнително го продолжи и го обнови, а цената е 250.000 долари.

Сега автомобилот има дури и базен со контролна табла, џакузи, терен за мини голф, воден кревет, телевизори, фрижидер, па дури и хелиодром. Исто така, можно е да се вози од двата краја, а најголем проблем е вртењето.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата