Украина поднесе барање за членство во ЕУ- како тоа ќе влијае и врз евроинтеграциите на З.Балкан

1.03.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украина поднесе барање за членство во ЕУ- како тоа ќе влијае и врз евроинтеграциите на З.Балкан

 Зеленски синоќа го потпиша во импровизирани услови во Киев, а денес шефот на мисијата на Украина во Европската унија  Ченцов, ја предал истата на претставници на Франција, земја која моментално претседатва со ЕУ.

Како и дали ваквиоте чекори можат да влијаат и врз евоинтеграциите на земјите до Западен Балкан, односно дали може и Македонија да очекува конечна деблокада на преговорите. Ова е прашањето се постави по ваквиот разбој на случувања во и околу Украина. Според Малинка Ристеска-Јорданова од Институтот за Европски политики,  која смета дека во вакви услови значително слабеат бугарските аргуметни за блокада на Македонија.

Не само Западен Балкан во ЕУ, туку и Косово во НАТО е тема која се отвори по последните турбулентни настани во Источна Еврпа. Ристеска-Јорданова смета дека Алинсата по случувањата во Украина ќе биде многу вниматела при примот на нови земји членки.

Во меѓувреме и информациите дека Косово ќе побара членство во НАТО преизвика реакција и во Косово. Српскиот министер за надворешни работи Селаковиќ ја обвини европратеничката Виола фон Крамон дека одлучила да ги искористи настаните во Украина и стравот од европските земји од дестабилизација, за да ги, како што вели радикализира нејзините напори за лобирање за членство во меѓународните организации на Косово.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата