Што треба ДА ЗНАЕТЕ ЗА МЕРКИТЕ АКО ПАТУВАТЕ ВО ГРЦИЈА

20.02.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Што треба ДА ЗНАЕТЕ ЗА МЕРКИТЕ АКО ПАТУВАТЕ ВО ГРЦИЈА

Европски сертификат за вакцинација, европски сертификат за прележан КОВИД-19 или негативен резултат од ПЦР/рапид тест, заедно со пополнет PLF формулар и во следните две седмици се задолжителни за влез во Грција, согласно новата министерска одлука објавена во Службен весник,

Актуелните правила се непроменети и продолжени до 7 март 2022 година, а меѓу другото важат и за државјаните на Македонија.

Сертификатите за вакцинација и прележана болест, како и досега се со ограничено времетраење: за вакцинираните до девет месеци по завршувањето на имунизацијата или неограничено со примена бустер доза, а за прележаните до 180 дена по првиот позитивен тест.

Во Службен весник на Грција веќе е објавена новата министерската одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19″, што стапува во сила утре и ќе важи до 7 март 2022 година во шест часот, а МИА детално ги пренесува правилата за патување кај јужниот сосед.

Влез во Грција е дозволен за посетители од државите членки на Европската Унија и Шенген зоната и за 33-те земји кои се вклучени во системот на ЕУ за дигитален сертификат (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), а меѓу нив и Македонија, кои ќе треба да поседуваат европски дигитален сертификат за КОВИД-19, поврзан со вакцинација, прележана болест или негативен резултат по направен ПЦР или рапид тест

За вакцинираните, сертификатот е валиден доколку се поминати 14 дена од втората примена доза и не повеќе од девет месеци по вакцинацијата, а за лицата кои примиле бустер доза не постојат ограничувања.

Европскиот дигитален сертификат треба да ги содржи основните лични податоци, име и презиме како што се наведени во пасошот, видот на вакцината, бројот на дози и датумот на примање.

Втората опција е со потврда за прележан КОВИД-19 по лабораториски тест со ПЦР метод или со брз антиген тест (рапид тест), а согласно министерската одлука, европскиот дигитален сертификат за прележана болеста се издава 14 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до180 дена од истиот.

Третата опција е со негативен тест, односно негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето во Грција.

Конкретните обврски за патување важат и за возрасните, но и за децата со наполнети пет години.

Дополнително, за патување, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), што треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција.

Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на случајни тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот.

Во случај на позитивен резултат при тестирањето на граница предвиден е петдневен карантин во соодветен простор укажан од надлежните органи.

Лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи, односно блиските контакти на позитивните на Ковид-19, имаат можност да се вратат во нивната земја истиот или следниот ден, под услов да добијат два негативни резултати од два теста (ПЦР или рапид) направени во рок од 24 часа и за време на патувањето да носат маска со висока заштита или КН95 или двојна маска.

Во случај лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи да останат во земјата, а не се вакцинирани или поминале девет месеци од примената втора доза или немаат прележано КОВИД-19 во изминатите три месеци, тогаш треба да бидат во петдневна изолација по последниот контакт со позитивното лице и на последниот ден да направат ПЦР или рапид тест.

Доколку блиските контакти се вакцинирани и со трета доза или не поминале девет месеци од втората или прележале КОВИД-19 во последните 90 дена, тогаш не е потребен карантин, но задолжително се тестираат на петтиот ден од контактот.

За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 и 5.000 евра.

За влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини кои работат 24 часа, со исклучок на Мерѕани кон Албанија, што е со работно време од 8 до 20 часот.

Од Македонија кај јужниот сосед може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, без никакви ограничувања во однос работното време.

Во одлуката, како што пренесува МИА, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат во внатрешноста на земјата.

Иако за патување во Грција европскиот сертификат за вакцинација и прележана болест важат девет месеци по втората доза, односно шест месеци по првиот позитивен тест, во внатрешноста на земјата, за влез во затворените објекти во земјата, валидноста е помала, односно седум месеци за сертификатот е за вакцинација и 90 дена за потврдата за прележан КОВИД-19.

За оние кои примиле бустер доза нема никакви ограничувања.

Документот поврзан со КОВИД-19, речиси секаде во Грција, при влез во објектите, се скенира со специјална апликација, а потребен е и документ за лична идентификација, а исклучок на супермаркетите, аптеките, продавниците за храна,бензинските пумпи.

Во одредени објекти, како што се затворените простори на угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови, музеите и археолошките локалитети, театрите, кината, влезот е дозволен само со валиден сертификат за вакцинација или прележана болест и не постои опцијата за влез со негативен тест

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата