Германската железница планира да вработи 21.000 луѓе

17.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германската железница планира да вработи 21.000 луѓе

Државната компанија бара околу 770 диспечери, 740 машиновозачи и околу 740 техничари, изјави за Билд портпаролот на Дојче Бан.

„Забележуваме дека конкуренцијата на пазарот на трудот се интензивира, па ќе обучиме и квалификуваме уште повеќе луѓе“, рече членот на управниот одбор на Дојче бан, Мартин Зајлер. Портпаролот на компанијата ги потврдил бројките за ДПА.

Дојче бан минатата година вработиле 22.000 работници, но секоја година губи по неколку илјади, најмногу поради пензионирање. Компанијата има потреба од околу 2.000 нови машиновозачи на локомотиви годишно, велат тие.

Бројот на вработени во Deutsche Bahn во Германија се зголемил за 2.000 минатата година, откако се зголемил за 5.000 во 2020 година. Само во Германија, групацијата вработува околу 220.000 работници.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата