Во потрага по новите дизајни на идните банкноти на еврото Европската централна банка (ECB) примила и предлог од Европскиот парламент, во кој политичарот од германската либерална партија на Слободните демократи (FDP), Мориц Кернер, побарал основачите на германската биотехнолошка лабораторија „BioNTech“, Угур Сахин и Езлем Туречи да бидат прикажани на една од нив.
На новите банкноти би требало да бидат отпечатени европските личности, како што е брачната научна двојка од турско потекло, основачи на „BioNTech“, вели Кернер кој е пратеник во Европскиот пратеник во разговорот за неделното издание на весникот Die Welt.
Истакнува дека нивната работа „спасила животи на милиони европејци“.
„Нивниот животен пат е импресивна приказна за интеграцијата, напредокот, претприемништвото, научната извонредност и потенцијалот на отвореното имиграциско општество“, вели германскиот либерал.
Во текот на пандемијата на Covid-19, биотехнолошката компанија со седиште во Мајнц, технологијата на известувачката рибонуклеинска киселина (mRNA) развивана за други заболувања во светот, за релативно кус период успеа да ја развие како вакцина против коронавирусот, која многу брзо по влегувањето во проектот на американскиот фармацевтски гигант „Pfizer“беше одобрена како вакцина.
Дваесет години по воведувањето на еврото, Европската централна банка покрена процес за редизајнирање на банкнотите. Јавноста треба да има важна улога во овој процес, но ќе минат години пред да се случи редизајнирањето. Управниот одбор на ECB би требало во 2024 година да решава за печатењето нови банкноти и кога тие би требало да бидат пуштени во оптек.