НОВИ, СТРОГИ МЕРКИ за влез во Црна Гора! Ќе важат од 2 јануари

30.12.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НОВИ, СТРОГИ МЕРКИ за влез во Црна Гора! Ќе важат од 2 јануари

Поради влошената епидемиолошка состојба во Црна Гора, од Министерството за надворешни работи информираат дека црногорските власти ги заострија мерките за спречување на ширењето на корона вирусот, кои ќе важат од 2 до 12 јануари 2022 година.

– Според оваа одлука, секој кој влегува во Црна Гора, независно од тоа дали е црногорски или странски државјанин, мора да ги исполнува следните услови: Лицето да е вакцинирано со пропишаниот број вакцини против корона вирусот, а од втората доза на вакцина да не се поминати повеќе од 6 месеци и едновремено со потврдата мора да поседува и негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа или негативен брз антигенски тест кој не е постар од 48 часа; или Доказ дека лицето преболело Ковид-19 (да не е поминато помалку од 10 дена и не повеќе од 180 дена од позитивниот ПЦР или брзиот антигенски тест) и едновремено со доказот мора да поседува и негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа или негативен брз антигенски тест кој не е постар од 48 часа, соопштуваат од МНР.

Како што посочуваат, деца под 18 години, се изземаат од мерките и за нив не се потребни ниту потврди за вакцинација или за прележана болест (ковид), ниту тестови.

– Државјаните на Црна Гора и странците со регулиран престој можат да влезат во земјата без овие докази, но со определување самоизолација во траење од 10 дена, која е можно да биде прекината најрано 3 дена по добивање негативен ПЦР тест, потенцираат од МНР.

Повеќе информации можат да се најдат на следниот линк.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата