Скопјани ќе сонуваат за нов Луна парк

15.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопјани ќе сонуваат за нов Луна парк

Новиот и модерен забавен парк, кој, според најавите, требаше да никне на местото на стариот Луна парк, по се изгледа дека наскоро скопјани нема да го видат! Работите се запрени, а дека на повидок нема разрешница потврдуваат и од Град Скопје. 

Метрополата нема во скоро време да добие нов забавен парк, се вели во изјавата од град Скопје дадена за Алфа.

Проектот за обнова на Луна паркот е заглавен и речиси една година откако Петре Шилегов ги стопираше градежните работи од Градот сè уште нема без разврска на случајот.

Според најавите, паркот требаше да биде проширен и збогатен со нови содржини. За главниот забавен дел на паркот се најавуваа два адреналински реквизити, 6 семејни и 18 детски. Во паркот треба/требаше да има разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и сличен вид на забавно-рекреативни содржини. За отворениот дел, пак, се најавуваше дека ќе има влезна партија со билетарница, продавница за сувенири, ресторани, канцеларии за администрацијата, тоалети и гардероби за вработените, како и затворен мултинаменски објект со облик на школка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата