Вујовиќ: Ова веќе е депресивно, се боревме!

2.12.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вујовиќ: Ова веќе е депресивно, се боревме!

Вардар 1961 го запиша шестиот пораз во Лигата на шампиони, на гостувањето кај Кил беше совладан со 32-30. И покрај овој пораз, македонскиот тим остана на шестото место на табелата кое носи во следната рунда.

„Честитики на Кил за добрата игра, секако и за добрата атмосферата. За нас ова е депресивно бидејќи останавме без бодовои. Навистина е тешко, се обидвме да направиме нешто во последните натпревари, но без успех. 

Ова беше тежок меч од почетокот, Кил е најдобар германски тим, најдобар во Европа. Се боревме, се пробавме, но ова е добар резултат за Кил. Мора да се фокусираме и да го победиме следниот меч против ППД Загреб“, изјави Веселин Вујовиќ на прес-конференцијата.

Вардар 1961 по 9. коло е на шестото место на табелата во групата А со две победи, реми и шест порази.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата