Владата го утврди Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи

17.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Владата го утврди Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи

Со овој Предлог-закон, се дефинира дека недела е ден на неделен одмор, информира портпаролот на Владата, Муамет Хоџа.

Тој на денешната прес-конференција напомена дека Владата очекува наскоро овие измени да бидат усвоени од страна на Собранието, бидејќи е во насока на унапредување на работничките права.

Со овој Предлог закон, како што рече, се овозможува над 92 проценти од вработените да одморат во недела, и со тоа да создадат рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот

Исто така, измените предвидуваат најмалку 50 проценти повисока дневница и слободен ден.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата