Владата на Црна Гора усвои нови мерки против ширењето на коронавирусот, кои вклучуваат и забрана за организирање новогодишни прослави на отворено.
Забранети се и концерти, масовни собири, како и свадби и на отворено и во затворено, а се затвораат и ноќните клубови. Угостителските објекти ќе смеат да работат до полноќ.
„Сите помлади од 40 години кои починаа од ковид-19 од 1 мај наваму биле невакцинирани. Ги молам граѓаните да ги почитуваат мерките и да се вакцинираат“, изјави Боровиниќ-Бојовиќ.