Почина легендарниот Гантер од „Пријатели“

25.10.2021
Vesnik.com
Почина легендарниот Гантер од „Пријатели“

Актерот Џејмс Мајкл Тајлер, познат по ликот на Гантер во култната серија „Friends“ почина во неделата наутро по долго боледување од рак на простата на само 59 годишна возраст.

Актерот, кој беше дијагностициран со напредна фаза на овој тип на канцер во септември 2018, починал во својот дом во Лос Анџелес.

Светот го познаваше како седмиот „пријател“ од хит серијата „Friends“, но блиските на Мајкл го познаваа како актер, музичар, адвокат за ракот, и сакан сопруг. Тој сакаше жива музика, навивање за неговите „Clemson Tigers“, и често знаеше да се најде себеси на сред забавата или непланирани авантури. Ако еднаш сте го запознале, сте добиле доживотен пријател“, изјави неговото семејство.

За здравствената состојба на Џејмс се дозна на почетокот на оваа година, по неговото појавување на „Friends Reunion“, документарното интервју за култната серија 17 години откако заврши со емитување, каде актерот се појави со видео поздравување иако нестрпливо се очекуваше да го видиме во „Central Perk“ повторно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Michael Tyler (@slate_michael)

Како шанкерот во „Central Perk“ неизмерно заљубен во ликот на Џенифер Анистон (Рејчел) се појавува во 150 епизоди од серијата „Friends“ во периодот од десетте години на нејзино емитување.

Покрај серијата „Friends“ Џејмс глумеше и во неколку други познати американски серии како „Sabrina the Teenage Witch“, „Scrubs“, „Modern Music“, „Just Shoot Me!“ и ред други…

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата