Фаик Весели освои бронза на БП во карате во Пореч

16.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фаик Весели освои бронза на БП во карате во Пореч

Македонскиот каратист Фаик Весели се враќа со бронзен медал од Балканското првенство во Пореч, Хрватска. Весели со четири победи и само еден пораз на крајот успеа да го освои единствениот медал за македонските каратисти на БП.

Според информациите од Пореч, Весели имал шанса за финале, но не реализирал еден поен, а противникот од Словачка добил ипон, па така борбата завршила 3-5.

Во борби, Петар Заборски мина две кола во категоријата до 75 килограми, па загуби од Бугаринот Петков, додека Берат Јакупи беше поразен во 2. коло во категоријата до 84 кг. Во втората рунда беа поразени и Сара Радичевска и Жарко Арсовски.

На БП учествуваа 10 репрезентации со 884 натпреварувачи во категориите деца, сениори и ветерани.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата