Нов ден на Златибор: МЗТ Скопје знае како против Рогашка

14.10.2021
Vesnik.com
Нов ден на Златибор: МЗТ Скопје знае како против Рогашка

По триумфалниот старт и слатката одмазда против Младост, актуелниот македонски првак денеска продолжува со мечевите во АБА 2-лига. Противник на МЗТ Скопје е тимот на Рогашка.

Станува збор за добро познато име, кое „сино-белите“ во минатото редовно го добивале. Двата тима имаат одиграно четири натпревари, три им припаднале на кошаркарите на МЗТ Скопје, само првата средба завршила со победа на Рогашка.

Дарко Радуловиќ на располагање го има целиот состав, па ротацијата нема да биде проблем. Против Младост, македонскиот првак покажа дека оваа сезона има исто добар ростер и очекувањата треба да бидат „високи“.

За разлика од МЗТ Скопје, Рогашка стартуваше со пораз и тоа од Сутјеска. Ова е само дополнителна потврда дека мечот дефинитивно треба да заврши во корист на „сино-белите“.

Дуелот е закажан со почеток во 21 часот. Ова е воедно и последен натпревар за македонскиот тим на првиот турнир, кој се игра на Златибор. Следниот балон ќе биде на почетокот на ноември.

ФОТО: АБА 2 лига/Невена Стјепановиќ

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата