Нов убедлив пораз на Баскет Кам во ВАБА лигата

13.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нов убедлив пораз на Баскет Кам во ВАБА лигата

Нов убедлив пораз за екипата на Баскет Кам 2011 во ВАБА лигата. Во вториот одигран натпревар, прв на гостински терен, скратениот состав од Македонска Каменица загуби од Триглав со 82:54.

Многу работи станаа јасни уште по 20. минути од играта на овој наттпревар. Ако во првата четвртина екипата од Македонска Каменица одржуваше каква-таква рамноправна игра, нивниот систем попушти во вториот период од играта. Домашните кошаркарки направија високи (21-8) кои им беа доволни за повеќе од убедливо водство на полувремето (43:21).

Без промени се одвиваше и продолжението на овој меч во Крањ. Домашните кошаркарки продолжија да ја зголемуваат и онака високата предност. Беа на плус 25 (62:37) по три одиграни четвртини. Адијат Адамс и Снежана Алексиќ беа единствените кошаркарки во гостинската екипа за ова квалитетно ниво на натпреварување. Американката реализираше дабл-дабл ефект од18 поени и 14 скока, додека пак српската интернационалка имаше исто така 18 поени (и пет асистенции), но останаа без вистинска поддршка од доста помладите соиграчи.

Во следното, за нив трето коло од групата „А“, кошаркарките на Баскет КАМ 2011, на 20 октомври на домашен паркет ќе го пречекаат фаворитот Будуќност Бемакс од Подгорица.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата